Јувентус е подготвен со сите сили да го донесе во Торино напаѓачот на Манчестерт Јунајтед Ромелу Лукаку, пишува „Скај Спортс“.

Истиот извор тврди дека Старата дама е подготвена да го испрати Аргентинецот Пауло Дибала во замена за Белгиецот Ромелу Лукаку.

Црвените ѓаволи веќе долго време го меркаат 23-годишниот Дибала, но се уште не е познато дали напаѓачот на Јуве ќе го прифати ваквиот трансфер.

Инаку, Лукаку веќе долго време е на мета на Интер, но досега не успеаја да се договорат,бидејќи Интер нуди 75 милиони евра, а Јунајтед бара 85 милиони.

Следниве денови ќе биде јаасно дали Англичаните ќе го продадат за 10 милиони евра помалку отколку што бараа од Интер, или ќе се определат за засилување на нападот со Дибала.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2019 14:37