Белгискиот дефанзивен играч Томас Вермален одлучи да ја продолжи кариерата во јапонскиот Висел Кобе.

На ваков потег, Белгиецот се одлучи откако му истече петгодишниот договор со Барселона, а каталонскиот не му даде понуда за продолжување на договорот.

Иако имаше понуда од неколку европски клубови, Вермален, сепак, одлучи кариерата да ја продолжи во Јапонија.

Во новиот клуб, 33-годишниот фудбалер ќе биде во друштво на Андрес Иниеста, Давид Вила и Серџо Самперо.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2019 15:53