Бекот на Вардар, Коста Манев денеска е претставен како нов играч на познатиот фудбалски клуб од Босна и Хереговина, Вележ од Мостар.

Од Вележ соопштија дека 26 годишниот македонски фудбалер ставил потпис на договорот со мостарскиот клуб, кој истекува на крајот на сезоната.

Манев, професионалната кариера ја започнал во Финска, каде што и пораснал, а освен во Вардар од каде што премина во Вележ, играл и за Викинг, Клуб 04, ПK-35, Хонку, Интер Турку и Кеми.

Инаку, Коста Манев освен позицијата на штопер може да ја покрие и позицијата на лев бек.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2019 16:05