Реал Мадрид се стреми по секоја цена да го донесе Французинот Пол Погба во Сантијаго Бернабеу, па така сега подготвува нова понуда за Манчестер Јунајтед.

Англиските и шпанските медиуми известуваат дека „кралевите“ подготвуваат нова понуда до „црвените ѓаволи“ за Погба, вредна 166 милиони евра.

Понудата уследи по склучувањето на договорот на Герет Бејл со кинескиот клуб од кој и Реал ќе инкасира многу пари, така што сега шпанскиот клуб може да ја оствари својата желба да го донесе напаѓачот на Јунатјет до Мадрид.

Следните денови ќе се знае дали англискиот клуб ќе ја прифати понудата на Реал и да го остави да оди нејзината голема ѕвезда. За трансферот на Погба во трка е уште еден европски великан станува збор за шампионот на Италија и негов поранешен клуб – Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2019 12:36