Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија оквалификувајќи го како пројава на лидерство во регионот и вон него“.
САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот.
Париз го надмина Лондон како најатрактивна дестинација за странски инвестиции, покажува истражувањето на консултантско-ревизорската куќа Ernst & Young. Тоа се случува првпат во 15 години, односно откако се спроведува тоа истражување.
Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас го пзодрави договорот за за надминување на прашањето за името меѓу Македонија и Грција.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон на Твитер објави дека киднаперот во Париз е уапсен, а заложниците се ослободени.
Долниот дом на британскиот Парламент денеска ги отфрили амандманите на Законот за Бергзит усвоени од Домот на лордовите, со кои се превидуваше право на парламентарно вето на конечниот Договор со Брисел за излез на Велика Британија од ЕУ.
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц вечера во Берлин истакнаа дека ЕУ мора да биде силна и единствена, за да може да се докаже на глобално поле.
Изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека американската армија ќе ги прекине воените вежби со Јужна Кореја, предизвика недоразбирање во Сеул и портпаролот на јужнокорејскиот претседател побара објаснување за ова прашање.
Претседателите на Турција и Азербејџан, Реџеп Тајип Ердоган и Илхам Алиев денеска на свечена церемонија во турскиот град Ескишехир го пуштија во употреба „Трансанадолскиот гасовод“ (ТАНАП).
Маж, кој тврди дека е вооружен, држи како заложници две лица во една канцеларија во центарот на Париз, соопшти попледнево француската полиција, нагласувајќи дека засега нема индиции оти станува збро за терористички чин.