Во седиштето на Европскиот парламент во Стразбир денеска ќе се одржи комеморација за поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, со што ЕУ му изразува почит на овој истакнат политичар пред неговиот погреб во Германија.
Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната средба со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин истакна дека има многу варијанти по прашањето за Северна Кореја.
Обединетите нации денеска изразија големо незадоволство поради барањето кое земјите од Персискиот Залив го упатија до Катар, а со кое се бара згаснување на телевизијата „Ал Џезира“ со седиште во Доха.
Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет со коj контра-санкциите кон западните земји се продолжуваат до крајот на 2018 година, јави ТАСС.
Германскиот Бундестаг утрово усвои Закон со кој во Германија се легализраат браковите меѓу лица од ист пол, јави ДПА.
Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин казни тројца свои истакнати пратеници, затоа што гласаа за амандманот за останување на Велика Британија на единствениот пазар на ЕУ, што е спротивно на партиските определби.
Претседателот на САД Доналд Трамп по првпат ќе се сретне со рускиот колега Владимир Путин во рамки на Самитот на Г-20 на 7 и 8 јули во Хамбург
Во британската Влада постои сериозен расцеп околу Брегзит и несогласување меѓу водечките министри кои треба да се грижат за спроведување на процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, откриваат лондонските медиуми.
Европските држави од НАТО и Канада се очекува оваа година да ги зголемат одбранбените расходи за 4,3 отсто или шест милијарди долари, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека украдениот полициски хеликоптер испукал две гранати врз зградата на Врховниот суд во Каракас истакнувајќи дека е спречен терористички напад со цел негово симнување од власт.