Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Катар за финансирање на тероризмот на „многу високо ниво“ и ја повика земјата за престане со таквата пракса.
– Очекуваме овие држави веднаш да преземат чекори за смирување на ситуација и дека ќе вложат искрени напори за да ги надминат меѓусебните несогласувања, изјави Тилерсон.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе состави нова влада која успешно ќе го спроведе Брегзит и покрај тоа што нејзината Конзервативна партија го загуби апсолутното мнозинство во парламентот по вчерашните избори.
За апсолутна победа, што овозможува самостојно формирање на новата британска Влада, потребни се најмалку 326 пратеници, во Парламентот со 650 пратенички места.
Европската унија одобри денеска формирање нов воен команден центар за мисии за обука во странство, откако Велика Британија ја промени својата одлука, која претходно беше против тоа основање.
Во понеделникот, ОАЕ и неколку други арапски земји ги прекинаа дипломатските односи и објавија строги мерки за прекин на превозот, комуникациските и финансиските врски со Катар.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека евентуалниот воен судир меѓу Русија и САД, никој на Земјата не би го преживеал.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави синоќа дека изолирањето на Катар, вклучително и наложувањето на санкциите, нема да ги реши проблемите.
Двајцата државници ја разгледале соработката меѓу Русија и Катар во трговско-економската и инвестициската сфера, како и меѓународните проблеми.
Властите во Саудиска Арабија денеска соопштија дека ја повлекуваат лиценцата на „Катар Ервејс“ (Qatar Airways) и одлучиле да ги затворат канцелариите на авиокомпанијата за 48 часа.