Италијанскиот шампион Јувентус го објави трансферот на талентираниот 16-годишен напаѓач на Барселона, Пабло Морено. Младиот човек им се придружи на Каталонците пред шест години од Гранада и за тој период има повеќе од 200 гола за младинските формации на „блаугранас“.
Кривопаланечкиот спортски амбасадор, кошаркарот Андреј Јакимовски, беше лидер на играта на почетниот натпревар Македонија - Исланд на стартот на Европското првенство -Б дивизија за кошаркари до 18 години кое синоќа започна во Скопје.
Арсенал го совлада ПСЖ со 5:1 во пријателски натпревар во Сингапур, која е дел од Интернационалниот куп на шампионите. Французите се потпираа главно на тинејџери и резултатот ја одразува разликата во класата.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пред турнирите во Северна Америка изјави дека тенисот е непредвидлив спорт и дека само пред два месеци за Новак Ѓоковиќ се говорело дека игра очајно.
Словенечкиот велосипедист Примож Роглич од тимот Лото НЛ-Џамбо победи на 19-та етапа од трката „Тур де Франс“, која се возеше од Лурд до Ларанс со должина од 200 километри.
Желсон Мартинс како слободен играч потпиша договор со Атлетико од Мадрид, но во Спортинг сметаат дека нивниот играч не смеел да го напушти Лисабон без дозвола од клубот и поднесоа тужба против шпанскиот клуб за обештетување.
Голманот на Вулверхемптон, Карл Икеме, одлучи да ја заврши професионалната кариера, откако минатото лето му беше дијагностицирана акутна леукемија.
Британскиот тенисер Енди Мареј и Белорусинката Викторија Азaренка добија специјални покани од организаторите на тенискиот турнир во Синсинати.
Јуниорската репрезентација на Македонија го совлада Исланд со 62:60 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б дивизија, што се одржува во Скопје.
Бразилскиот фудбалер Малком Филипе Силва де Оливеира, чиј трансфер од Бордо во Барселона предизвика скандал и лавина од критики, изјави дека отсекогаш сакал да игра за каталонскиот клуб и затоа ја сменил одлуката.