Колумбискиот Атлетико Насионал допатува во Бразил, каде што ќе игра против Шапекоенсе, клубот чиј речиси цел тим и управата настрадаа во авионската несреќа пред натпреварот меѓу двете екипи во финалето на Копа Суадамерикана во ноември минатата година.
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер изјави дека веројатно ќе направи пауза по освојувањето на Мастерсот во Мајами и ќе ја пропушти целата сезона на тревата.
Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид, со вчерашниот погодок против Алавес постигна голови против сите противници во Примера лигата, односно против 31 клуб.
Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека на поразот на неговиот тим најмногу се радуваат новинарите бидејќи трката за титулата станала интересна.
Швајцарскиот интернационалец го совлада својот лут ривал Надал во финалето на мастерс турнирот во Мајами.
Рожер Федерер и Рафаел Надал ќе играат во финалето на Мастерсот во Мајами, откако Швајцарецот во голема борба успеа да го совлада Австралиецот Кирјос.
Британката Џоана Конта триумфираше на женскиот дел од Мастерсот во Мајами, откако синоќа по два сета игра за 95 минути ја совлада Каролине Вознијачки од Данска со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3).
Екипата на ПСЖ по четврти пат во серија го освојува францускиот Лига куп, откако синоќа во финалето што се одигра во Лион, го победи лидерот на табелата Монако со 4:1.
Во времето додека беше функционер, Севилја освои пет трофеи - Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА, два пати Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.
Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, ги демантираше шпекулациите дека во наредната сезона би можело да ја преземе екипата на Барселона.