Британскиот тенисер Кајл Едмунд изјави дека победата над најдобриот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му значи многу за натамошниот тек на кариерата.
Претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одржале средба со седум од најголемите еврпски клубови, меѓу кои Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, за да биде разгледана понудата за реформи во Светското клупско првенство, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Бразил е прва во светот според бројот на фудбалери во странство, според истражувањето на фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Американската тениска легенда и поранешен број 1 во светот, Џон Мекинро направи интересно признание во емисијата „In Depth with Graham Bensinger“, која се прикажува на Ен-Би-Си.
По седум години, патиштата на Серхио Агуеро и Атлетико Мадрид повторно може да се вкрстат. Радио Марка, како ударна вест на денот, објави дека клубот во Мадрид сака да го врати некогашниот миленик на навивачите.
Фудбалерот на Лацио, Стефан Де Фрај, потпишал пред-договор со Интер во клучен период, кога двете екипи се обидуваат да влезат во Лигата на шампионите, непосредно пред меѓусебниот дуел во Рим во последното коло од Серија А.
Листата на потенцијални кандидати за функцијата на Арсен Венгер во Арсенал веќе е сведена до петмина, тврдат медиумите на Островот.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Пол Погба ќе остане во тимот и наредната сезона.
Младата ѕвезда на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Лука Дончиќ покажа зошто многумина сметаат дека ќе биде избран за најдобар на Драфтот во НБА во текот на летото.
Бостон се пласираше во финалето на Источната конференција на НБА, откако триумфираше со 114:112 против Филаделфија и така ја освои серијата со 4:1 во победи.