Јапонецот Таро Даниел приреди вистинско изненадување на мастерсот во Индијан Велс откако во второто коло го совлада Новак Ѓоковиќ 7:6, 4:6, 6:1.
За само пет години играње во лигата на шампионите нашите девојки поставија нов клупски но и рекорд на Македонија - станаа најуспешна екипа во лигата на шампионите. Со завршувањето на натпреварите од Главната фаза сезонава вардарки влегоа во Топ-10 екипи на сите времиња во ЛШ.
Тага и натажени лица го исполнија стадионот Артемио Франки на мечот со Беневенто во италијанското првенство откако попладнето беше посветено на трагично починатиот капитен Давиде Асторе кој пред недела дена почина во Удине.
Дуелите меѓу Будуќност и Вардар последниве четири години се вистински ракометни дерби средби каде двата тима влегувале без компромис. На почетокот Будуќност беше подобар, а последниве две сезони „црвено-црните" доминираат.
Раул Гонзалез, стратегот на Вардар, по натпреварот против Војводина и новата СЕХА-победа беше задоволен од прикажаното. Шпанецот истакна дека целиот негов тим добил шанса да игра и му е навистина драго што ја оправдале истата и играле дуел во високо темпо и многу постигнати голови.
Дуелот во Нови Сад не донесе ништо на табелата во СЕХА лигата по триумфот на Вардар од 36-32 (17-13). „Црвено-црните" останаа на првото место, а Војводина е „фенерџија" на едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната
Ова беше втор триумф на Вардар на гостински терен во Подгорица во лигата на шампионите. Во второто полувреме и целосно го надигравме противникот, особено во завршницата потврдувајќи го нашиот квалитет.
Бразилецот Артур Мело ќе се пресели во Барселона, потврди претседателот на неговиот актуелен клуб Гремио, Ромилдо Болзан. Артур има 21 година, игра во редот за врска и е еден од најталентираните бразилски фудбалери на таа позиција.
Суарез се повреди во средата, во првото полувреме на финалето на Суперкупот на Каталонија против Еспањол. Барселона победи по подоброто изведување на пеналите 0-0 (4-2).
Денеска на свеченото дефиле делегациите на Северна и Јужна Кореја се појавија секоја посебно, за разлика од неодамнешните Олимписки игри кога настапија под едно знаме.