Екипата на Рајо Ваљекано од следната сезона повторно ќе биде меѓу најдобрите шпански фудбалски екипи. Тимто од Мадрид синоќа на домашен терен го победи Луго со 1:0 и создаде недостижна предност во однос на конкурентите за влез во Ла Лига.
На крајот од сезоната во фудбалската Лига на шампион избран е најдобриот тим во кој место добија 18 фудбалери. Најмногу од нив, осум се од европскиот првак Реал Мадрид.
Новоназначениот менаџер на Арсенал, Унаи Емери направи многу интересно откритие за својот поранешен клуб, Пари Сен Жермен и најмногу за супер ѕвездата на тимот - Нејмар.
Иако спортот и обложувањето важат за машки дел од секојдневието, сепак има и девојки кои и тоа како добро знаат да прогнозираат. Доказ за тоа е и добитното ливче со погоден точен резултат. И тоа финале на Лига на шампиони и тоа по одиграни 45 минути. Дефинитивно, заклучокот е еден: Ја имаме махерката на сезоната.
Јувентус ќе се насочи кон Антони Марсијал откако не успеа да постигне договор со напаѓачот на Челзи, Алваро Мората. Претставниците на италијанскиот шампион се сретнале со фудбалерот на тимот од Лондон и неговиот агент, но не постигнале договор.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека бил погрешно разбран околу неговата иднина во мадридкиот тим во синоќешната изјава по финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим го совлада Ливерпул со 3:1.
Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.
Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дефинитивно не беше расположен за коментари по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите во Киев со 1:3.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не можеше да поверува што се случува по освојувањето на третиот трофеј од Лигата на Шампионите под негово раководство, откако „кралевите“ го победија Ливерпул со 3:1.