Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс направи некои интересни коментари во врска со случувањата кај „Црвените ѓаволи“, најчесто поврзани со ѕвездата на тимот Пол Погба.
Шпанската Ла Лига почнува денеска, а Реал Мадрид се уште не покажал голема активност на трансфер пазарот. Политиката на клубот за привлекување на нови фудбалери ова лето е јасна - без непотребни нови засилувања, но поразот од Атлетико Мадрид за Суперкупот на Европа може да го промени тоа, објави „Марка“.
Новата сезона во италијанската Серија „А“ почнува денеска во 18 часот и тоа на најинтересен можен начин - со натпревар помеѓу Киево и шампионот Јувентус. Сите сакаат да ја видат новата ѕвезда на „бјанконерите“, Кристијано Роналдо, а тоа ќе се случи уште вечерва во дуелот на стадионот „Маркантонио Бентегоди“.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан ќе продолжи да го носи дресот на „Црвените ѓаволи“ и во новата сезона.
Халфот на Челзи, Цеск Фабрегас нема да може да земе учество во денешното дерби со Арсенал. Ова го потврди тренерот на „сините“ Маурицио Сари.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо, ги отфрли гласините дека преговарале со Лацио за трансфер на српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Ливерпул новата сезона ја започна со убедлива победа од 4:0 против Вест Хем, а во англиската јавност веднаш се појавија прогнози дека клубот е новиот фаворит за титулата.
ФИФА му одреди казна во висина од 46.200 евра на Атлетико Мадрид поради „влијание на трета страна“ при активностите поврзани со трансферите.
Комисијата за избори и верификација при Фудбалската федарација на Македонија (ФФМ) одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател.
Македонскиот шампион Шкендија во баражот за пласман во групната фаза од Лига Европа ќе се соочи со норвешкиот клуб Розенборг.