Корејскиот електронски гигант Самсунг денеска објави дека имал најниска стапка на раст во изминатата година, пред се поради релативно слабата продажба на моделот Галакси С9.
Откако Инстаграм профилите на две познати личности од Бугарија беа хакирани и преземени, се вклучи алармот за виртуелна небезбедност кај нашиот источен сосед.
Во рамки на програмата „Мобилност на иднината", поддржана од австриското Министерство за сообраќај, по тримесечни интензивни подготовки во Виена се одржа и успешно заврши првото пробно возење на два градски автобуса без возач.
Технолошките гиганти како „Тесла“, „Убер“ и „Спотифај моментно имаат се помали профити, што предизвикува загриженост кај експертите дека таквата состојба би можела да има негативно влијание врз светската економија.
Лицето ќе биде дел од тимот кој анализира податоци и ќе помогне Фејсбук да ги прошири операциите преку оптимизирање и автоматизирање на процесите, решавање на проблемите и што е најважно, нивното превенирање.
Гугл ја објави својата ажурирана политика за објавување содржина во онлајн продавницата Гугл Плеј, која детално опишува кои теми и апликации се веќе забранети.
Малтретирањето на новинарите на интернет од страна на одредени лица или од авторитарните влади се проширува низ светот и најчесто е насочен кон жените, се наведува во најновиот извештај на Репортери без граници (РСФ).
Цените на акциите на Фејсбук се намалени за повеќе од 20 отсто откако компанијата објави најспора стапка на раст на корисници со застрашувачко предупредување дека растот на приходите сигурно ќе биде успорен.
Новата верзија на пребарувачот Гугл Хром ќе содржи опција за предупредување за интернет страници кои ја користат старата ХТТП (http) врска, наместо посигурната, нова ХТТПС (https).
Српскиот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска во Москва се сретна со раководството на рускиот технолошки гигант „Касперски“, по што порача дека компанијата е заинтересирана да се прошири на пазарот во Србија.