Деблокирањето на Собранието и донесувањето на новиот сет владини мерки за поддршка на компаниите е последниот начин да фатиме чекор кој ќе не одведе на вистинскиот пат, но секако, во корелација со подобрувањето на инфраструктурата, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Имаме конкретен план за третман на актуелната состојба со „Фени“ и реален план за исплата на обврските, завршување на стечајот и реализација на долгорочна инвестиција во Комбинатот, тврдат од бугарската компанија „Минстрој Холдинг“ АД.
Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите договори за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020.
Вработението во прилепскиот комбинат „Еурокомпозит“ поради несплатените плати за што подолг период протестираа во Прилеп, сега најавуваат дека својоте револт ќе го искажат пред Собранието, а потоа пред Владата каде ќе постават шатори и ќе кампуваат.
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради проблемот со увозот на брашно. Ова денеска го најави српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.
Инвестицијата е реализирана последните две години во изградба и планирање нов погон, производна опрема за преработка и пакување на производите од брендовите Сончева Долина, како и во новиот бренд „Фантазија“.
Повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен, се врши неселективно и брзо, а не се подготвува ребаланс на Буџетот бидејќи објавените приходи за почетокот на годината се солидни и обезбедуваат адекватен раст, информира денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Финансискиот систем е стабилен, со минимални системски ризици. Краткотрајната нестабилност предизвикана од домашните политички превирања во април и мај минатата година е целосно надмината, заклучи на денешната седница Комитетот за финансиска стабилност.
Цените на угостителските услуги во февруари 2018 година во споредба со јануари 2018 не бележат промени и се на исто ниво, додека во однос на февруари лани се зголемени за 1,2 отсто.
Според Државниот завод за статистика, извозот изнесува 420.606.000 евра и бележи пораст од 27,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот достигнач 560.136.000 евра или 24,2 процента повеќе.