„Александар и Клеофила“ е насловот на новиот роман на Паскал Гилевски објавен од издавачката куќа „Матица македонска“, која соопшти дека се работи за апотеоза на љубовта
Со изложба на делата создадени од учесниците на ликовната работилница, со која раководеше еминентниот струмички ликовен уметник и педагог Митко Тошев, синоќа пред библиотеката „Благој Jанков Мучето“ заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал“
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, по успешниот настап на „Охридско лето“ вечер на матичната сцена ќе ја изведе премиерата на претставата „Август во округот Осејџ“ од Трејси Летс, во режија на Драгана Милошевска-Попова
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ по синоќешната атрактивна интернационална вечер, продолжува со староградска музика и игра кои ќе бидат изведени на сцена во Старата битолска чаршија
На претпоследниот ден од годинашната фестивалска програма, „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе организира концерт на Младинскиот камерен оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ на Музичката младина на Македонија
Во рамки на „Лето на тетовската култура“ вечерва се одржува „Ноќ на разноличноста“ со настап на изведувачи на македонски и албански јазик
Штипско културно лето (ШКЛ) завршува вечерва со концерт на етно групата „Вез“, а предводена од Илија Ќосевски. Концертот ќе се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ со почеток во 20.30 часот. Кирил Панајотов советник за јавни дејности во Општина Штип вели дека изминатиот месец во рамките на ШКЛ наместо планирани 25 се одржаа вкупно 30 содржини
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Август во округот Осејџ“ од Трејси Летс, во режија на Драгана Милошевска-Попова
Книгата „Стихови и спомени” од поетесата Трајанка Ристова беше промовирана денеска во Кавадарци
Американските медиуми, меѓу кои и влијателните „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“, објавија одлични рецензии за документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland). Македонскиот победник на „Санденс“, кој застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“ од 26 јули се прикажува во кината во САД, ги одушеви критичарите, соопшти продукцијата на филмот