Националната опера и балет вечер од 20 часот повторно ќе ја изведе балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, која раскажува за создавањето и патот на тангото.
Брендот „Биби“ е избран меѓу 20-те најдобри анимирани цртани за претшколски деца на фестивал во Франција. Овој македонски бренд ќе биде презентиран на престижната манифестација „Картун форум“ која од 16 до 19 септември ќе се одржува во францускиот град Тулуз
Директорот на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, Мазлам Османи, му додели благодарница на аматерскиот театар при НУЦК „Кочо Рацин“ за претставата „Лимонада во друштво на директорот“ во режија на Михајло Петрески
Првиот дел од четвртиот КРИК – Фестивал за критичка култура ќе биде отворен вечер во 19.30 часот во галеријата Чифте амам, со предавање на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот „Конкордија“ во Монтреал, Канада
До 23 јуни е отворен новиот повик на Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ за учество на млади во камп за документарен филм „Докуникулци 2019“
Издавачката куќа „Паблишер“ промовираше пред нашата читателска публика нова едиција насловена „Калеидоскоп“, која се состои од преводи на десет романи од автори кои досега не биле претставени во земјава, а кои се популарни кај публиката и критиката низ Европа и пошироко
Во издание на МАНУ излезе од печат монографската студија „Сенката на Марко Крале“ од академик Витомир Митевски, во која авторот прави компаративно истражување на античката, византиската и македонската епска поезија
Наградата Гран при на „ИКС ДЕНС“ 2019. ја доби Маргарита Гладишева (класичен балет, соло), 16-годишна ученичка во Школата за класичен танц под раководство на Генадиј и Лариса Ледјах, во Москва, Русија
Во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“ денеска од 19.00 до 21.00 часот ќе биде одржана изложба на био-фотографии на тема „Урбани безрбетници“, организирана од страна на Истражувачкото друштво на студенти-биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии.
Тетовскиот театар вечер од 20 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја има својата прва премиера во 2019 година – политичката драма „Изгубено писмо“ од романскиот драмски писател и поет Јон Лука Караџале, во режија на Куштрим Бектеши, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје