Гевгелија вчера и денеска е домаќин на филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ чија цел е да ја промовира идејата на познатиот „Џифони Експирианс“ меѓу младите филмски фанови во земјава
Во изложбениот салон од Домот на култура во Македонска Каменица од вчера е отворена ликовна изложба на слики од Меѓународната Лесновска ликовна колонија 2018. Како што информираше директорот на каменичкиот Дом на култура, Горан Огнановски, љубителите на уметноста во наредните седум дена ќе можат да го видат творештвото на неколку уметници со главен мотив од Лесновскиот манастир
Во Крушево се одржува манифестацијата „Вечери во чест на Васил Иљоски“ за еден од основоположниците на повоената македонската драматургија и еден од основоположниците на македонската битова драма
Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена 57. изложба „Денови на македонска фотографија“ во организација на Фотосојузот на Македонија кој одбележува 73 години постоење
Хрватската поетеса Моника Херцег е добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2019 година, што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП) под покровителство на УНЕСКО за најдобра дебитантска книга
Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми”, финансиран од средства од Европската Унија, претставници на Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар – ЗРДИЦМ”, од Скопје неделава почнаа со снимање на документарен филм за животот на Ромите од Велес
Железничката зграда во Скопје која како симбол на заедништво и солидарност беше предмет на проектот „Кога зградите би зборувале“ почнат пред четири години, ќе биде претставена на 14. Прашко квадриенале за перформанс, дизајн и простор преку уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски.
Триесетина млади автори, членови на поетски клубови во основните училишта и општинските бибилотеки од нашата држава учествуваа на 45. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“, чиј организатор е матичната библиотека „Искра“ од Кочани.
Граѓаните уште денеска и утре имаат можност да ги погледнат делата на реномираните светлосни уметници кои се прикажани на Фестивал на светлината (Skopje Light Art District), што е отворен во Куршумли ан.
Документарниот „Медена земја“ доби награда за најдобар филм (Best International Film Award) на фестивал во Тел Авив (21. DOCAVIV – The Tel Aviv International Documentary Film Festival). Наградата им беше врачена вчера на двајцата режисери, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, на наградна церемонија во Тел Авив.