На сцената во амфитетарот на Младинскиот парк во вчера Велес се одржа Поетстки митинг со 15-тина учесници од земјава и Балканските земји ,а сосема за крај и спектакуларен концерт на групата „Некст Тајм“ кој го проследија голем број на велешани со што заврши програмата и беа затворени годинашните 59 Рацинови средби
Во Домот на културата во Валандово се одржа промоција на книгата „Дидактика за родители“ од авторот Деан Илиев
Од 23 до 26 Јуни, по 21 пат ќе се случи Битола Отворен Град, интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар- Битола
Во просториите на МКЦ вечер ќе се одржи промоција на романот „Заследи ме“ од авторот Јордан Коцевски. Промотор на книгата ќе биде Златко Ѓелески, а модератор Јулијана Величковска
Традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“ ќе биде отворена вечерва со почеток во 20 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, информираа денеска надлежните од установата
Музејот на современата уметност – Скопје објавува меѓународен повик за учество на 14-то Биенале на млади уметници на тема „Будења“, кој ќе биде отворен до 20 јули 2022 година
Во Музејот на македонска борба вечер ќе се реализира концертен настан на бас-баритонот Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска насловен „Песни од патувања“ со дела од светски и македонски автори
Во КЦП Центар – Јадро во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Форми на повторно создавање“ на уметницата Ирена Пејовиќ
Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши
Со кореографијата „Не ми ги допирај очите“ во која настапуваат Анастасија Данчевска и Дејан Битровски, Скопје танцов театар вечер ќе настапи на најголемиот интернационален фестивал за современ танц во Летонија „Laikis Dejot“, што се одржува од 12 до 21 јуни во Рига