Во Гевгелија се одржа дводневна обука за подобрување на иновативниот капацитет на малите и средните претпријатија во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП(МЕКА)“ што ја реализираше Општинската агенција за економски развој и информатичка технологија
Надлежните од кумановското јавно претпријатие „Водовод“, денеска информираа дека вечерва дел од корисниците од високата зона од градот ќе немаат вода поради реализација на проектот „За употреба и одржување на дел од водоснабдителниот систем на град Куманово“
Учениците од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка синоќа имаа можност да слушнат кои се можните ризици за нивната безбедност и кои се превентивните мерки за заштита на трибина во рамки на проектот „Безбедни училишта“
Нацрт-стратегијата за развој 2019-2030 „Паметен град“ во вторник ќе оди на јавна расправа откако овој четврток на 31 седница ја усвои Советот на Општина Велес
Пожарот во село Саса се уште е активен, но ставен под контрола. Акцијата, како што информира Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица од утрово е поддржана и со авионско гасење
Општина Кичево објави повик за прибирање на барања за користење средства од буџетот на општината за 2019 година, наменети за поддршка на културните здруженија
Со половина од потребниот кадар, во руинирана зграда и без соодветна опрема, гостиварските пожарникари не можат квалитетно и во целост да одговорат на потребите
Времето во земјава преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец
Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето
Општина Крива Паланка објави повик за доделување признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава од прво до петто одделение и најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование за учебната 2018/2019 година