Гевгелиските средношколци успешно го реализираа проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ кој во рамки на Еразмус + програмата го спроведуваа со партнер организации од Ирска и Грција.
Асфалтирана е пристапната улица која води до спортскиот комплекс во Крива Паланка, со што комплетно се урбанизира реонот на овој дел од левиот брег на Крива Река.
Четириесеттина семејства кои имаат членови, лица со попреченост од општина Старо Нагоричане, добија прехранбени пакети од локалната власт.
Водостојот на Охридското Езеро е идентичен со просечниот за декември, додека кај Дојранското и Преспанското е повисок од вообичаениот за овој месец, покажуваат последните податоци од мерењата што ги направи Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дали знаете која е најголемата и најактивната група учесници во сообраќајот? Доколку не го знаете одговорот, тој е - пешаците. Во рамките на секојдневните активности, секој човек, покрај со автобус, автомобил, мотор, велосипед, секојдневно и најчесто, во сообраќајот е вклучен во улога на пешак. Наутро до продавница по леб, до комшии, до училиште; од кола, преку пешачки, на работа...
Во рамките на Дримскиот процес, денеска и утре во Атина се одржува работен состанок на експерти од сите земји на Дримскиот басен – Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција. Експертите ќе работат на анализа на причинско-последичните врски на проблемите во Дримскиот басен и суб басените на езерата Охридско, Преспанско и Скадарско.
Не се дише, Кавадарци се гуши. Вака реагираа синоќа кавадарчани откако концентрацијата на ПМ 10 честичките ја достигна вредноста од 425 микрограми на кубен метар, или околу десет пати повеќе од дозволеното.
Од Армијата на Република Македонија се пофалија дека се зголемува извршувањето на командириските должности од страна на припадничките на понежниот пол, дел од македонската војска.
Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица вечерва со хуманитарна манифестација и со порака „Преку креативност поблиску до социјална инклузија“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
На вонредната седница на Советот на општина Охрид, што беше закажана на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се расправаше за состојбата со плашиците во каналот Студенчишта