По повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, лицата од дебарскиот дневен центар, на штанд во центарот на градот продаваа декоративни експонати и украсни елементи што ги изработија сами, заедно со нивните вопитувачки.
– Во постапката ќе биде направено тестирање на кандидатите, по што следи обука, што трае од 30 до 60 дена, која ја спроведува стручен тим од Центарот за социјални работи во Штип, а по програма изготвена од Заводот за социјални дејности. Значи мојот апел е сите заинтересирани граѓани од двете општини слободно да се пријават во Центарот, каде што подетално ќе им се објаснат сите услови за згрижување – рече Димитров.
Во рамки на проектот „Акцелератор на знаење на мали и средни претпријатија" финансиран од ЕУ фондовите, во Гевгелија почна обновата на објектот во кој се наоѓаат просториите на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии.
Најниска температура во Македонија изутрина во седум часот е измерена во Скопје-Петровец и во Берово, каде се регистритрани – 6 степени, по што следат со -5 Струмица, – 4 Тетово, Битола, Куманово и Демир Капија, -3 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Штип, -2 Маврово, Лазарополе, Прилеп и Гевгелија,…, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Плашицата кај каналот Студенчишта сеуште во опасност .Иако после поморот поставена е пумпа за дотур на вода сепак нема доволно воздух, количеството на кислород е двојно помало од потребното. Рибата која е влезена во каналот да презими може да остане заробенa и да угине.
По некоја случајност за нејзина асистентка е одбрана Соња Кочоска, волонтерка на општинската организација на Црвен крст Струга.
Во присуство на 60 учесници и 50 атлети, Специјална oлимпијада Македонија организираше прва обука за тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот со поддршка на Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија.
Штипските средношколци се информирани за болеста СИДА, но не и за останатите преносливи болести, покажаа истражувањата Центарот за јавно здравје-Штип.
По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, во организација на Хуманитарното здружение “Бели Гулаби”, а со поддршка на Рудник Саса и општината, во Македонска Каменица се одржа настан од хуманитарно забавен карактер наменет за лицата со посебни потреби.
Изложбата „Преспански ликовни мотиви“ со дела од Преспанските уметници, кои твореа инспирирани од убавината на регинот од утре до 13 декември ќе бидат изложени во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.