Кичево односно Здружението на слепи и слабовидни на ова општина викендов е домаќин на отвореното првенство во шах за слепи и слабовидни лица на Македонија.
Во Малешевијата сѐ уште се негува традицијата на производство на волнени производи. Здружението на жени ткајачи „Серафим” од Берово е еден од ретките примери како во време на транзицискиот период преку негување на традицијата на изработка на производи од волна малешевската жена со сета своја умешност и знаење успеала да го одржи семејството како основна нишка на човековото живеење.
Снежна покривка од шест сантиметри е формирана изутринава во Маврово, а во Крушево и Лазарополе четири односно три сантимери. Најниска температута од -5 степени, пак, е измерена во Берово.
Од 14 ноември годинава инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5) во Автоматската мониторинг станица Битола 2 е инсталиран и ставен во работен режим, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Аерозагадувањето во Куманово е на исто ниво како и во неколку поголеми градови во државата. Состојбата е загрижувачка, но добро е што се преземаат мерки за намалување на загадувањето, меѓу нив аеросолизација, засадување садници, засилени контроли на инспекциските служби.
Седум образовни асистенти, социјален работник, четири негуватели и еден масер се активно вклучени во помош и поддршка на лица со интелектуална попреченост, како и стари изнемоштени лица во рамки на проектот „Цело е кога има се“ од Програмата за општинско-корисна работа во општина Крива Паланка.
Финишираат градежните работи на новата градинка во селото Брајковци, која ќе може да згрижи 40 деца од регионот на Бојмија, соопшти валандовскиот градоначалник Перо Костадинов.
Деновиве, во матичниот објект на ЈУ детска градинка ,,11 Октомври заврши реновирањето на повеќе простории.
Во детските градинки во Берово започнаа градежни активности кои имаат за цел подобрување на усовите за престој на децата во детските градинки.
Со буџетски средства од блок-дотациите од Министерството за образование и наука реновирани се вкупно тринаесет училници во ОУ “Христијан Тодоровски Карпош” во општина Ранковце.