Ученици од македонските и албанските паралелки од текстилно-кожарската струка од средното училиште „Перо Наков“ од Куманово во Занаетчискиот дом организираа модна ревија на која ги презентираа нивните креации. Настанот е дел од проектот за меѓуетничка интеграција што го спроведува училиштето со поддршка на Министерството за образование и наука.
СВР-Битола на сообраќајниците во градот, во директна комуникација со возачите реализира инфо-акција за безбеден сообраќај во зимски услови.
Три патни правци со вкупна должина од три километри ќе се асфалтират во општина Ранковце со средства во висина од 16 милиони денари, грант од програмата МС ИПА, обезбеден од Светска банка преку Министерството за финансии на РМ.
Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа денеска во Струга ќе почне 12. годишен работен состанок на министрите за замјоделство од Југоисточна Европа.
„Анима мунди“ бара надлежните итно да преземат мерки и законски оневозможат злоупотреба на коњите како превозно средство
Претседателот на Здружението на туристичките водичи и придружници (ЗТВП) “Кеј Охрид“, Климент Наумов истакна дека со денешната свеченост конечно се става во полна функција инфо центарот, кој од едно место ќе ги пружи сите релеванти информации за туристичките производи и услуги во Охрид. Воедно се изврши ребрендирање на здружението и сите водичи добија унфицирани маички и чадори со грбот на Општина Охрид, УНЕСКО и здружението.
Во Прилеп се користат поволните временски услови и забрзано се спроведува комуналната програма за уредување на улиците во градот за оваа година. Во оваа “градежна офанзива” на Општината, изминативе денови се асфалтираше улицата „Архимедова”, како и крак од улицата „Блаже Иваноски”, покрај старите гробишта во населбата „Рид”.
Во Берово се подготвува општинскиот буџет за 2019 година. Како што истакна градоначалникот Звонко Пекевски, по изработката на годишните програми ќе бидат организирани форуми во заедницата чија цел е граѓаните и месните заедници дирекно да учествуваат во креирањето на буџетот за наредната година.
Општата болница Велес преку писмено соопштение до медиумите ја известува јавноста, дека почнувајќи од утре е се врши замена на двата болнички лифта со нови, поради што ќе има и пренасочување на движењето на пациентите во болницата.
Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ денеска беше реализиран третиот дел од проектот ,,Поддржуваме безбедна иднина” – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот.