Градење мрежи за отпорни градови и отпорни населени места е целта на втората регионална работилница што ја организираат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Центарот за развој на Југоисточниот регион.
Да се спроведе проектот за изградба на рехабилитациски центар за згрижување на повозрасни слепи лица кои не се згрижени со своите семејства за да можат да го продолжат натамошниот живот преку процесот на рехабилитација.
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година по повод Светскиот ден на борбата против гладта организира хуманитарна акција насочена кон помош на најсиромашните лица во градот.
Научни трудови на тема „Почетоците на австриската дипломатија во Македонија со посебен осврт на австро-унгарскиот конзулат во Битола 1851-1919 година“, беа презентирани од страна на домашни и странски истражувачи, на дводневниот научен собир во Битола, организиран од амбасадата и почесниот конзулат на Австрија во Битола, во соработка со национални и локални институции.
И граѓаните и претпријатијата од Кумнаово утре можат да донираат храна пред маркетите „Тинекс“ и „Елида“ во центарот на градот, информираа денеска од општинската организација на Црвениот крст и здружението „Инклузива" од Куманово.
Со трибина во просториите на општина Тетово повеќе членови на Здружението на слепи од Тетово го одбележаа 15 Октомври - Светскиот ден на белиот стап. На трибината од нивна страна беа истакнати повеќе барања кои би им го олесниле животот на слепите лица во градот.
Членови на планинарскиот спортски клуб „Голак“ Делчево како и членови од огранокот ПСК „СОСНА“ од Берово, учествуваа на искачување на врвот „Зелен Брег“ 2.166 метри надморска висина, кој е највисок врв на планината Кожуф од македонска страна.
Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид во тетовска Мала Речица, на местото каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.
Најголемата и најмасовната спортската манифестација во Охрид - Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ имаше успешна промоција на Атлетскиот маратон во бугарската престолнина, Софија.
Паркирањето по гостиварските сообраќајници и паркинзи од денеска се наплаќа. Општинската власт најавува толеранција за возачите во првата недела од повторното воведување на наплата за паркирање.