Советот на општина Делчево донесе одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општината за 2018 година.
Седумнаесетгодишниот Стефан Јакимовски живее во светот на машините и електрониката. Подрумските простории во станбената зграда во штипската населба Сењак, каде што живее, ги претворил во работилница.
На градскиот плоштад во Прилеп, кај споменикот „Крали Марко“, утре во 11 часот ќе започне глобалниот предизвик „IceBottleChallenge.org“ на кој ќе се сврти првото пластично шише, таканаречено „Ботл флип“ и со тоа ќе се испрати пораката „Сврти шише за почист свет“.
Во просториите на Библиотека „Другарче“ денеска беше конституиран Локалниот совет за превенција при општина Карпош, тело кое ќе има за цел да работи на зголемување на безбедноста на територијата на локалната самоуправа и превентивно да дејствува.
Во градската библиотека „Кочо Рацин" при Национална установа Центар за култура, Крива Паланка денеска се одржа општински натпревар за млади библиотекари.
Нови две пристапни рампи, паркинг простор и адаптирани тоалети за учениците со попреченост доби основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово. Изградбата е завршена преку проектот „Сложувалка“ кој го спроведуваат меѓуопштинското здружение на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Куманово“ и училиштето, но и бизнис заедницата која финансираше изградба на еден од двата адаптирани тоалети.
Во рамките на одберлежувањето на 77-годишнината од почетокот на народното антифашистичко востание во Македонија, Сојузот на борците во Прилеп се одржа предавање за 5-та Народноослободителна ударна бригада - прилепска која одиграла голема улога во НОБ и револуцијата.
Пред голем број стопанственици и претставници на фирми од регионот, денеска во општина Макеоднска Каменица се одржа промоција на „Македонија 2025“. На промоцијата беа претставени придобивките и можностите за развој на домашните компаниите, преку воведување на западните перспективи и вредности за унапредување на деловните практики.
Подигање на јавната свест за правата и обврските на граѓаните околу достапноста на здрава вода за пиење, како и за нејзината цена беше главна цел на денешната активност на Центарот за еколошка демократија Флорозон од Скопје и Институтот за развој на заедницата од Тетово што го организираа во центарот на Тетово.
Со вода за пиење кавадарчани си ги ладат казаните за печење ракија, за 60 литри во секунда е зголемена потрошувачката на вода во Кавадарци.