Општините Охрид и Дебрца денеска со Мировен марш низ централните градски улици го одбележаа 21 септември - Меѓународниот ден на мирот.
Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денеска им ги предаде клучевите од реновираните домови на културата на претседаталите на месните заедници во населените места Костурино, Дабиле и Попчево, а освен во вие реновирани се и Домовите во селата Просениково и Добрејци.
Во организација на општина Штип и Општинската Организација на Сојузот на борците денеска свечено беше одбележан Меѓународниот ден на мирот во паркот К’ртеќе, во месноста Суитлак.
Штипскиот затвор е прв кој отвори катче за децата на осудените лица. Согласно препораките на Советот на Европа донесени годинава, секоја казнена институција во државата треба да има ваква просторија, каде би престојувале децата при посета на своите родители.
На тринаесет штандови богати со најразлични производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи збогатени со сливи и изложени на продажните штандови.
Вкупно 25 крвни единици се собрани на денешната крводарителска акција што ја организираше општинската организација на Црвен крст - Струга по повод верскиот празник Рожденство на Пресвета Богородица.
Со велосипедско дефиле, сообраќајна поука и креативни активности под мотото „Комбинирај и движи се“, во општина Крива Паланка денеска беше одбележан Денот без автомобили во рамки на Европската недела на мобилност која трае 16 – 22 септември.
Во дворот од црквата свети Никола во Тетово денеска беше одбележана 74 годишнината од стрелањето на двајцата заробени борци од Третиот партизански одред во борбата кај гостиварското село Беличица, Младен Симоски - Требош и Андреа Христовски - Шварц.
Во дворот на манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка денеска со утрена богослужба и света литургија се одбележа големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица - Мала Богородица.
Во дефилото учествуваа стотина велосипедести, а манифестацијата ја отвори Јосиф Христов, член на Советот на општина Струмица.