Пет генерации студенти Роми, кои минале или се уште се дел од програмите на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) и „Ромаверзитас“ ќе се соберат на генерациска средба во Битола. Од утре и во наредните три дена, во хотел „Молика“, тие ќе дебатираат на тема „Потенцијалот на Ромите во Република Македонија“.
Во подрачната единица на Шумското стопанство ,„Кожуф“ во Гевгелија со доза на резерва изразија задоволство од интересот на физичките лица за добивање дозволи за собирање шумски плодови, од причина што годинава дозвола побарале 88 лица.
Во општата болница во Велес повторно е ставен во функција апаратот за компјутерска томографија, кој не работеше една година. Апаратот во болницата беше набавен во 25 мај 2011 година.
Убави, модерни куќи, две џамии и една црква, асфалтирани улици, плевни, реновирано школо, нов парк на кој може да му позавидат градовите од околината.
Советот на Општина Охрид на денешната седница едногласно го усвои делбениот биланс на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, преку издвојување и формирање два одделни субјекти и тоа „Проаква“ - Струга и „Водовод“ – Охрид.
Со проект на Програмата за развој при ОН (УНДП), финансиски поддржан од Европскаа унија ќе се решава проблемот околу загадувањето на Охридското Езеро со цврст материјал – седимент како и хемиското загадување предизвикано од сливот на реката Сатеска во езерото.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска беше во посета на детската градинка „Весели цветови“ во Делчево. Во рамките на посетата, Царовска се запозна со условите за работа и престој на дечињата, по што имаше и работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, како и со директорката на оваа установа Билјана Симовска.
Изнаоѓање на одредени сообраќајни решенија за непречено користење на улиците во Берово, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните беше главната тема на разговор на денешниот работен состанок кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го имаше со градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски и претседателот на Советот Јован Матеничарски.
Во штипската касарна „Јане Сандански“ денеска свечено беше одбележан Денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон.
Во Охрид денеска се одржа една од деветте работилници што Делегацијата на Европската унија ги организира низ градовите во Македонија посветени на можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат.