Ова денеска го истакна директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска на тркалезна маса „Бегалската криза во Македонија, моментална состојба, предизвици и идни чекори“.
Зголемување на нивото на имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020 и Националните акциони планови за домување, вработување, здравство, образование и зајакнување на положбата на жената Ромка, е темата на Работниот состанок за социјална инклузија на Ромите.
Тркалезна маса на тема „Бегалската криза во Македонија, моментална состојба, предизвици и идни чекори“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.
„Слобода и приватност“ е тема на 13. Меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Метаморфозис.
Поранешниот Премиер и актуелен пратеник Емил Димитриев, на својот фејсбук профил објави дека веќе се подготвени измените и дополните на Законот на ловство и истите се поднесени во Собранието на Република Македонија.
Измените на Законот за персонален данок на доход негативно ќе се одразат врз земјоделците, а дел од предвидените решенија посебно ќе удрат по најмалите и најсиромашни производители, смета Националната федерација на фармери (НФФ).
Локалната самоуправа на Охрид во соработка со надлежните субјекти денеска започна со активности за извлекување на бротчето „Мис Стон“ од Студенчишкиот канал на Охридското Езеро.
Истовремено од Општина Охрид соопштија дека согласно законската регулатива инспекторатот ќе ги превземе сите законски мерки, како и оти веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.
Како што велат очевидци од терен, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро.
Само 18 проценти од територијата на Македонија е покриена со канализациска мрежа, покажуваат податоците на граѓанската организација Новинари за човекови права.