Владата предводена од СДСМ воспоставува партнерски однос со земјоделците и ги решава наследените и тековните проблеми во земјоделството.
Дарко Каевски не може да се испере од одговорност со самото тоа што суспендира раководители на сектори и ги обвинува за неговите грешки.
Првата е, изговорот на Шилегов дека градот нема пари, но ова е изговор, а не причина. Бидејќи Градот Скопје и Шилегов најавија дека ќе потрошат 8 милиони евра за дислокации на Галии и рушење, што значи пари за Луна парк има.
Власта неосновано ја задолжува државата за милионски суми. Државата се задолжува, а власта не гради, нема капитални инвестиции, нема додадена вредност.
Владата на СДСМ има план на постепено зголемување на даноците и придонесите. За тоа ја имаат известено Светската Банка уште во првите недели откако влегоа во владата. и тоа лично министерот за финасии. При тоа нагласил дека тоа ќе го прават постепено.
СДСМ никогаш не водел сметка за земјоделците и не води политики со кои ќе ги реши нивните проблеми.
ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи, вршеше притисоци врз вработените во МВР, денес, нема никаков кредибилитет за зборува за работата на полицијата.
Република Македонија стана земја каде власта не ги почитува ниту институциите, ниту Уставот и законите. Правната држава е заробена од страна на СДСМ, а судството се користи единствено како алатка за политички прогон на неистомислениците.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во Топ Тема на телевизија Телма потенцираше дека државата е како погодена од економско цунами поради лошите политики на власта.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека фокусот и ориентацијата на партијата од основањето до денес се европските и НАТО интеграциите.