Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека луѓето умираат, а министерот за здравство, Арбен Таравари се сонча по морските плажи.
Пожарите секојдневно уништуваат илјадници хектари шума, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство размислува со кој фактор на крема за сонце да се намачка за да не изгори.
Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното.
Граѓаните ќе ја плаќаат цената за партизацијата на институциите. Наместо професионална услуга и институции кои им служат на граѓаните тие ќе добијаат институции кои му служат на Зоран Заев, СДС и оние со члеснка книшка од СДС.
По тоталната партизација која ја вршат на сите нивоа во администрацијата, Заев сега со пари на граѓаните ќе плаќа и сомнителни ликови без морален кредибилитет кои си ги ангажира за советници.
За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓаните.
Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го правеше на граѓаните во изминатите 11 години кога парите од скапите, неконтролирани и тајни задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и криминални тендери.
Владата на СДС продолжува да ја скандализира македонската јавност. Заев во владата собра лица од целиот регион фатени во извршување на кривично дело и мисли на тој начин да ја води државата.
Затоа на пратениците на ВМРО ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на Собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала.
Во рок од два месеци владата на СДС стопи 126 милиони евра од девизните резерви и се задолжи над 100 милиони евра само по основ на државни хартии од вредност. Патем со ребалансот на буџетот најави дека ќе го зголеми долгот за дополнителни 150 милиони евра.