Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНE да ви го честитам државниот празник 2-ри Август- Илинден, денот кој е белег на македонската борба за државност, слобода и непокорот на нашиот народ.
Претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, економски развој и подобра соработка помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се разгледува ребалансот на буџетот, истакнаа транспаренти на кои пишуваше #ПројдеЖивот и беа наведени дел од кратењата од буџетот.
СДС со ребалансот на буџет скрати 5.6 милиони денари од средствата наменети за изградба и опремување на детски градинки, средства со кои можеа да бидат опремени и отворени 5 до 6 нови детски градинки.
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на седницата одржана на 29.07.2017 година, се осврна на се погласните шпекулации дека за време на чествувањето на македонскиот национален празник Илинден ВМРО-ДПМНЕ наводно ќе организирала инциденти и насилства.
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, од која произлегува дека владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Македонија.
СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт. Тие покажаа дека не се грижат за потребите на граѓаните, а уште помалку покажуваат капацитет да се зафатат со решавање на проблемите на државата.
Со ребалансот на буџетот СДС удри и по најранливата категорија на граѓани, врз децата и лицата со попреченост.
Наместо да унапредуваат - уназадуваат. Наместо да создаваат - рушат. Наместо да го ценат квалитетот - спроведуваат партиски чистки.
Со неприфаќањето на ниту еден предложен амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ во ребалансот на буџетот, посочуваат од таа партија, на сите им стана јасно дека СДСМ сака само да истера теснопартиски интереси на грбот на граѓаните.