Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека последниот тест на севернокорејска интерконтинентална балистичка ракета ја става територијата на САД на дострел на Пјонгјанг, јави севернокорејската новинска агенција КЦТА.
Четири лица се уапсени во масовната антитерористичката акција во неколку предградија на Сиднеј, спроведена по добиени сознанија за подготовка на терористички напад во авион, јавуваат светските новински агенции.
Американскиот претседател Доналд Трамп го смени Реинс Приебус од местото шеф на кабинет на Белата куќа и на таа функција гопостави Џон Кели, досегашниот министер за внатрешни работи.
Кина денеска ја повика Северна Кореја да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и да престане со сите активности кои можат да ги засилат тензиите на Корејскиот полуостров.
Посетата на руската делегација на Кишењев е спречена и вицепремиерот на руската Влада, Дмитриј Рогозин, во моментов се враќа за Москва со редовен лет на „Аерофлот’ на линијата Минск-Москва, пренесе ТАСС.
Букурешт му забранил на авион во кој се наоѓал рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, да прелета преку романскиот воздушен простор на пат кон Молдавија, јавија романските медиуми.
Шпанската Влада побара од Уставниот суд на Шпанија да ја поништи одлуката на каталонските регионални власти за организирање референдум за незавосност на Каталонија, изјави денеска во Мадрид шпанскиот премиер Маријано Рахој.
Целта на овие измени е да се зголемат ингеренциите на претседателот Ердоган и да го ослабнат Парламентот, рече Јозел, ветувајќи дека за оваа реформа ќе се обрати и до Уставниoт суд.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нема да дозволи трансродни лица да служат во американската војска во кое било својство.
На прес-конференција со двајцата турски министри кои се во посета на Брисел, Могерини рекла дека се потребни „конкретни чекори“ за да може да дојде до каков било напредок за кандидатитре на Турција.