Мажот и жената, кои се во критична состојба во болница во Вилтшир, биле изложени на нервниот агенс „Новичок“, соопшти британската полиција.
Комитетот на британската Влада за реагирање во вонредни ситуации одржа вонредна седница во врска со денешниот инцидент во областа Вилтшир во југозападна Англија, каде беа пронајден две лица во бессознание.
Лажните вести од Велес сѐ уште ја интересираат светската јавност. Неодамна, француската новинарка, Мари Норман, се наврати на овој феномен во репортажа за Радио Франс Интернасионал (РФИ). Според неа прашањето останува отворено и одговорите за тоа што точни се случи во Велес пред американските избори не се убедливи.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ја откажа планираната посета на Иран за текот на ова лето, откако американскиот претседател Доналад Трамп зазеде исклучително тврдата линија кон Техеран, јавија јапонските медиум.
Иран ќе го пичитува нуклеарниот договор од 2015 година, само ако другите држави потписнички му гарантираат на Техеран дека ќе има корист од него, по повлекувањето на САД од спгодбата, изјави денеска во Виена иранскиот претседател Хасан Рохани.
Италијанската полиција во соработка со полициските служби на неколку европски земји, разби меѓунардна мрежа за шверц на антиквитети, при што се уапсени 23 лица.
Во Турција во периодот од 2008 до 2016 година исчезнале над 104.000 деца, објави весникот „Хуриет“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска најави дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, по одржувањето на средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, закажана за 16 јули во Хелсинки.
Европратениците денеска одобрија 500 милиони евра за потребите на децата бегалци во Турција.
Американскиот заменик помошник државен секретар Алис Велс престојува во посета на Пакистан, во обид да ги разгледа можностите за мир во Авганистан по истекот на кусото примирје меѓу властите во Кабул и талибанците за време на празникот Рамазан.