Владите на Косово и на Германија денеска во Приштина потпишаа протокол за германска помош во висина од 60 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
САД силно веруваат и се убедени дека Договорот од Преспа, долгорочно, ќе биде во корист и на двете земји и на нивните граѓани, вели американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, и уште еднаш ја изразува поддршката на САД за договорот, јави дописничката на МИА од Атина.
Амбасадорката на Косово во САД, Влора Читаку изјави дека синоќешната победа на фудбалската репрезентација на Косово врз Азербејџан не може да претставува надоместување за поразот што таа и нејзините колеги го доживеаја при обидот да ја зачленат земјата во Интерпол, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, говорејќи на настан во Атина, откри дека до Обвинителството испратил случаи со грчки дипломати кои биле вмешани во нелегалната мрежа за издавање визи на деца без придружба.
На денешен ден пред 23 години во американската база Рајт Петерсон во Дејтон е парафиран Општиот рамковен договор за мир во БиХ, со што беше завршена војната во Босна и Херцеговина.
Поранешниот банкар со француско –швајцарско потекло, државјанин на Франција, а во Грција обвинет за перење пари Жан Клод Освалд, вчера успеал да се ослободи од електронската алка и да побегне од домашен притвор, јавија грчките медиуми.
Силен дожд синоќа го погоди Сплит при што пожарникарите интервенирале на дваесетина места за да испумпуваат вода која влегла во приземјата на некои објекти.
Младите во Албанија се помалку се школуваат, се повеќе емигрираат. Тоа се потврдува со податокот дека во средните училишта во Албанија, оваа учебна година има дури 31.800 ученици помалку,споредено со минатата учебна годна.
Скијачкиот центар Банско влегува во историјата, како прв каде веќе нема да се употребуваат пластични производи за еднократна употреба, соопшти денеска концесионерот на скијачкиот центар „Јулен“.
Припадници на Секторот за вонредни ситуации го локализираа пожарот кој денеска попладне изби во селото Омољица во близина на Панчево, при што нема повредени лица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.