Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, тој бил итно хоспитализиран, примен во одделот за интензивна нега, каде што останал само неколку часа.
На две седмици по катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика, бројот на жртвите се зголеми на 91 лице, откако утрово, 95-годишна жена им подлегна на повредите во болница во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Ситуацијата кај браната Газивода е мирна и под контрола, соопшти синоќа КФОР. Меѓународната мисија истовремено истакна дека КФОР е тука да ги заштити сите граѓани на Косово.
Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе. Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.
Тој вели дека се согласува со изјавата на Тачи, но се прашува која ќе биде отстапката што ќе ја направи Косово,оценувајќи ја при тоа поделбата на Митровица како опасна.
Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо го поздравуваат чекорот на албанските власти на формуларот за попис, што ќе биде спроведен во 2020 година да има графа за етничка и верска припадност на граѓаните.
Заменикот министер за внатрешни работи на Косово, Абдулселами Шкодра информира дека ниеден полицаец од специјалните полициски единици не е испратен дополнително на северот на Косово и дека состојбата таму е редовна, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бројот на жртвите од пожарите во источниот ден на областа Атика, од ден на ден се зголемува. По 55-годишната жена, која утрово почина, уште едно лице, 85-годишен маж, им подлегна на повредите во една од атинските болници. Со тоа бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите достигна до 90 лица.
Министерот во косовската Влада Рустем Бериша изјави дека 51 српски припадник на Косовските безбедносни сили од српска националност сакаат да ја напуштат таа организација, и таа цифра сведочи дека расте бројот на такви барања.
Во Септември во Србија ќе се одржи состанок на мешовитата комисија за сукцесија на поранешната СФРЈ од Анексот А кој се однесува на над 80 % од движниот и недвижен имот на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА).