Мајката на поранешниот број 1 во светскиот тенис, и освојувач на три Гренд-слем титули, Енди Мареј – Џуди, изјави дека 31-годишниот Шкот дава сè од себе, за да се врати на теренот.
Естонскиот натпреварувач во крос-кантри скијање Алго Кјарп призна дека користел крвен допинг, пренесе естонската телевизија „ЕРР“. Спортистот признал дека ги користел услугите на германскиот лекар Марк Шмит. Двајцата се поврзале преку поранешниот тренер на репрезентацијата на Естонија по крос-кантри скијање -Мати Алавер.
Пилотот на Вилијамс, Роберт Кубица смета дека тимот не е добро подготвен за почетокот на сезоната. Британскиот тим ги пропушти првите два дена на тестовите во Барселона, а на последниот ден Кубица возеше 90 круга.
Спортистите од Океанија ќе добијат дозвола да учествуваат на Азиските игри во септември 2022 година во кинескиот град Хангжу.
Италијанецот Доминик Парис ја освои супер-џи трката од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во норвешкиот зимски центар Квитфел и запиша втор успех, откако вчера триумфираше во спуст.
Кинеската тенисерка Ифан Ван ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико). 24-годишната Ван ја победи Софија Кенин (САД) со 2:6, 6:3, 7:5 во 2 часа и 10 минути игра и ја освои својата прва ВТА титула во кариерата.
Етиопеецот Бирхану Легесе го освои маратон на улиците на главниот град Јапонија, Токио. Тој го надмина растојанието од 42.195 километри за 2:04.48 часа.
Австралискиот тенисер Ник Кирос ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико) со награден фонд од 1.78 милиони долари. 23-годишниот Кириос го победи во финалето вториот носител Александер Зверев (Германија) со 6:3, 6:4 во 90 минута.
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи Стефанос Циципас од Грција, попладнево во финалето на турнирот во Дубаи со 2-0. За Федерер ова беше јубилеен 100-ти трофеј од АТП турнирите и осми во Дубаи.
Новиот возач на на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, ќе има целосна слобода на патеката, објасни шефот на тимот, Матија Биното.