Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе во новата сезона ќе се натпреварува во европската ТЦР – серија, откако лани имаше успешен настап и 4.место во генералниот пласман од ЕТЦЦ серијата.
Шефот на сериите ДТМ и поранешен пилот на Ферари и Мекларен, Герхард Бергер тврди дека Порше размислува за влез во Формула 1.
Поранешниот прв светски рекет, Британецот Енди Мареј најверојатно ќе го пропушти Грен слемот „Ролан Гарос“.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 11-та титула на Мастерсот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 2:0 во сетови, односно со 6:3 и 6:2.
Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло, откако го совлада Александер Зверев со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:4).
Најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал го совлада Бугаринот Григор Димитров и се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло.
Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби вајлд карта и следната недела ќе настапи на турнирот во Барселона, соопштија организаторите.
Поранешниот американски велосипедист, Ленс Армстронг постигна договор со федералната влада на САД и се согласи да плати пет милиони долари поради злоупотреба на недозволени средства, со што избегна судење и можна казна од 100 милиони долари.
Пилотот на Ферари, Кими Раиконен е убеден дека секоја трка од сезоната 2018 во Формула 1 може да биде освоена од различен пилот.