Скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ се уште не може да ја утврди цената на водата што треба да се применува од 1 јануари 2018 година поради истекување на мандатот на членовите на Управниот одбор на претпријатието.
Градскиот дувачки оркестар вечер од 19 часот во Дансинг салата на Младинскиот културен центар ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.
Работната група е составена од еден советник во Советот на Град Скопје, еден вработен во Секторот за комунални работи и по еден претставник од здружението за заштита на животни „Анима мунди“, граѓанската иницијатива „Кане Корзо“ и од Асоцијацијата на активности за правата на животните.
Социјалните мрежи се преполни со апели да престане масовното труење на животни, кое следи по неколкуте напади од страна на кучиња во кои беа повредени и неколку деца. Отровите на јавните површини се опасни за сите.
Вечерва се отруени две кучиња во скопската населба Карпош 4. Се работи за улични кучиња, но за нив се грижеле граѓани од околните згради.
Повисок водостој од просекот имаат и реките Треска кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани. Останатите реки се на просечното ниво за овој месец.
Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот.
По инцидентот и каснување на повеќе граѓани од напуштено расно куче кое со сигурност имало сопственик, во медиумите се пласираа непроверени информации за повторни напади од куче скитник на ул. Перо Наков и со тоа придонесе во создавање на паника, страв и дезинформирање.
Куче скитник вчера попладне нападна и касна мајка и син на улицата „Перо Наков“ во Скопје. Таткото, Р.А. (43), го пријавил случајот во полиција.
Високи концентрации на штетните ПМ10 и ПМ2.5 честички во текот на изминатите денови. Скопје повторно се гуши како минатата година и годините пред тоа.