Авто мото сојузот на Македонија информира дека поплавен е подвозникот кај клучката Матка во близина на бензиската пума „Бис Оил“.
По вчерашниот дожд кој почна вчера попладне надојде реката Вардар во центарот на Скопје, поплавен е скејт паркот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на крстосницата кај ТЦ Мавровка, сообраќајот ќе се одвива и олеснува по околните сообраќајници – бул.„Крсте Мисирков“, ул. „Филип 2-ри Македонски“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Беласица“.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска е избран за претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), а за негови заменици се избрани градоначалниците на Чаир Висар Ганиу и на Кавадарци и Митко Јанчев во негово отсуство.
Во тек се неколку активности за проверка на шпекулациите дека во „Дрисла“ се гори радиоактивен отпад, изјави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
„Пастело“ е млад бренд во Македонија, мала компанија составена од ентузијасти од Куманово. Инспирацијата потекнува директно од “звукот на материјалите”, спојот помеѓу дрво, челик и јаже. Финалниот производ е безвременски одржлив дизајн на елементи за осветлување и мебел.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска побара трпение од скопјани за состојбата со депонијата „Дрисла“ и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад. Најави дека набргу ќе излезат со целосна анализа.
Маркетинг агенцијата „Идеа плус“ попладнево соопшти дека во сабота ќе биде затвoрен дел од улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на интервју за ТВ24 изјави дека издаден е налог, бродовите, кои се користат како угостителсни објекти и се поставени во Вардар да бидат дислоцирани.
Се воведува забрана за движење моторни возила на патот до Средно Водно. Забраната ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.