Во пресрет на претстојните празници, денеска напладне во Паркот „Шопен“ во Кисела Вода ќе се одржи Новогодишен хуманитарен базар
Со настап на музичарите Таско, Лина Пејовска, Некст Тајм, ДНК, Сара Мејс и Крисмас грлс, како и магионичарското шоу и Светот на Биби, пред платото на Трговскиот центар Капитол мол во Општина Аеродром ќе се одржи предновогодишна хуманитарна забава „Најмладите за Аеродром“
ЈП Улици и патишта ја повика полицијата да не дозволи утре да се направи метеж низ Скопје во периодот кога семафорите во централното градско подрачје нема да работат, односно од 8 до 15:30 часот.
Градоначалничката Данела Арсовска денеска во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ се сретна со членови од Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ и на дечињата им подели новогодишни пакетчиња.
Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост беше тема на денешната средба на градоначалничката Данела Арсовска со претставниците на Движењето против хендикеп „Полио Плус“.
Се работи за огромна црна точка на мапата на општината, создадена од несовесност и негрижа на граѓаните кои не размислуваат за последиците по животната средина и ризикот по здравјето на луѓето.
За прв пат се воведуваат субвенции за граѓаните за велосипеди, електрични тротинети, уреди за вградување на течен нафтен гас на автомобилите и чистење на оџаците, како и продолжување на субвенциите за инвертер клима уреди и печки на пелети.
Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури.
На повеќе локации во општина Илинден е поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот
Локалитетот „Крст“ во Кучково добива амфитеатар, пешачки патеки, канделабри, хортикултурно уредување, а за Ѓорче Петров се набавува и комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во општинските средини. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го потпишаа договорот за реализација на проектот