Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на националниот тим, објави денеска Ракометната федерација на Македонија
Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Татабања синоќа го одиграа одложениот натпревар од првото, а вечер ќе одиграат натпревар од редовното 7. коло во рамки на група „Д“ од европската ракометна лига
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, потешко од очекувањата, го совладаа унгарскиот тим на Татабања со 21:19, полувреме (11:10).
Македонските ракометарки на денешната жрепка во Виена ги дознаа противниците во групната фаза на ЕХФ-шампионатите во младинска и кадетска конкуренција.
Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот е одложен, соопштија денес од таборот на македонскиот првак
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер е подготвен за натпреварите со унгарскиот претставник Татабања кои утре и во четврток ќе се играат во Битола
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа вечерва првиот пораз во СЕХА лигата, откако со голем пад во играта во вториот дел загубија на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб со 26:23 (11:14) во рамки на второто коло во Групата А.
Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикции воведени од властите во Париз, што предвидуваат задолжителен двонеделен карантин за сите патници надвор од Европската унија.
Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, поврзани со анти-Ковид-19 правилата на германските власти, ракометарите на Вардар 1961 останаа во Португалија и ги пропуштија врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по вчерашниот дуел во Лигата на шампиони.
Ракометарите на Вардар се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, а како причина за такво нешто, тренерот Стевче Алушовски ги посочи грешките во офанзивниот дел.