Репрезентацијата на Хрватска успеа со победа да го заврши Европското првенство на кое е домаќин, откако попладнево во дуелот за петтото место во „Арена Загреб“ ја победи Чешка со 28:27 (16:10).
В сабота, според тренерот на Вардар, Ирина Дибирова нѐ очекува тежок натпревар, но имаме силна мотивација да играме за победа.
Хрватите синоќа во решавачкиот за нив натпревар загубија од Франција со 30:27 и ги разочараа своите навивачи кои посакуваа барем нерешено за „коцкестите“ да се пласираат меѓу четирите најдобри.
Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски денешениот дуел со Данска го мина на клупата, но на претходните имаше солидни настапи.
Македонија го претрпе и третиот пораз во низа во главната фаза 2, која ја завршивме на последното шесто место. Нашите репрезентативци немаа сили за цел натпревар и ја загубија средбата со Данска, со резултат 20:31 (12:12).
Чешка и Словенија одиграа реми во последниот меч за нив од групната фаза (26-26), со што се елиминираа себеси од битката за полуфинале, но ги урнаа и шансите на Македонија за петто место на ЕП.
Без капитенот Кире Лазаров македонската ракометна репрезентација ќе биде на вечерашниот дуел со Данска, последен од втората групна фаза на Европското првенство во Хрватска.
Селекцијата на Словенија направи пријатно изненадување и ја доби Шпанија на денешната средба во Вараждин, а свое шоу за време на средбата поточно за време на еден тајм-аут имаше неповторливиот Веселин Вујовиќ.
Македонските ракометари не успеаја да забележат нова победа на Европското ракометно првенство во Хрватска со што значително ги намаливме шансите за пласман во најдобрите четири ракометни репрезентации на стариот континент.
Словенија ја совлада Шпанија со што практично одигра во полза на Македонската репрезентација бидејќи со евентуална победа вечерва против Чешка, Македонија ќе избие на втората позиција во конечниот пласман.