Вардар од Будимпешта ќе донесе најмалку едно злато, а првиот носител е Андреа Пенезиќ која ја освои наградата за најдобар стрелец.
Седумдесет минути траеше финалето на лигата на шампионите, и дури после продолженијата беше решено кој ќе биде новиот европски првак.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не го криеше задоволството од значајната победа над Исланд во квалификациите за ЕП во Хрватска 2018 година.
Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Исланд со 30-25 во квалификациите за Европското првенство во Хрватска, а новиот селектор Раул Гонзалес дебитираше со победа.
Трибините на ВИП Арена во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот меѓу ракометните селекции на Македонија – Исланд.
Тимур Дибиров на позицијата лево крило, Алекс Душебаев како кандидат за најдобар десен бек, и Илија Абутовиќ кој конкурира за најдобар дефанзивец. Тренерот Раул Гонзалез е во конкуренција за најдобар тренер.
Во четвртиот обид да стигне меѓу четирите најдобри екипи во лигата на шампионите на Вардар му успеа да стане првата машка екипа од Македонија што стигнува на Ф4 турнирот.
Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Во реванш натпреварот на домашен терен го декласиравме Флензбург со 35-27 (15-10) и во четвртиот обид стигнуваме меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Во тимот на Флензбург, нашиот ривал, главниот спонзор исто така доаѓа од Данска, како и големиот дел од ракометарите.
Ракометарките на ЖРК Вардар ја освоија титулата во женската регионална ракометна лига откако во финалето го совладаа големиот ривал Будуќност со 27:25 (15:14).