Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа третата победа во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје поразен е ППД Загреб кој добро почна, но немаше сили против силниот ривал.
Ракометарите на Вардар ја постигнаа осмата победа во серија и трета во Лигата на шампионите оваа сезона, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Загреб со 28:21.
Средниот бек Игор Карачиќ периодов тренира сам, и неизвесно е дали ќе ѝ се приклучи на екипата на натпреварот. Додека во отсуство на голманот Страхиња Милиќ, на Арпад Штербик ќе му помага Даниел Ѓорѓевски.
Во идеалниот тим има тројца ракометари на Вардар – Тимур Дибиров, Вуко Борозан и Иван Чупиќ. Најдобриот тренер доаѓа од шампионот, а тоа е Раул Гонзалес.
Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата на машката младинска репрезентација, за пласманот на шестото место на Светското Првенство во Алжир 2017 година.
Пивотменот на Вардар, Рожеиро Мораеш за престојот во Скопје и можноста да биде дел од европскиот шампион вели дека му е како сон. Тој е презадоволен од односот на тренерот, соиграчите, навивачите и воопшто луѓето во македонскиот главен град.
Тренерот на Металург Лино Червар не го криеше незадоволството од денешниот пораз од Бешикташ во рамките од 2.коло на Лигата на шампиони.
Маталург беше рамноправен во поголемиот дел од мечот, односно се до 48-минута кога резултатот беше израмнет 23-23. Во продолжението гостите од Турција направија две серии од 3-1, па на крајот стигнаа до победа изразена со четири гола разлика (31-27).
По убедливиот пораз на гостувањето во Франција кај Монпеље (32-22) избраниците на Лино Червар ќе се обидат да ја остварат првата победа во елитното натпреварување.
Задоволен сум што го добивме овој натпревар. Освоивме два бода со четири гола разлика и успеавме да го направиме она за коешто сакавме. Оваа победа беше навистина тешка и затоа мораме да бидеме задоволни од направеното" истакна Гонзалес.