Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до капитенот на екипата, Стојанче Стоилов за пласманот во финалето на лигата на шампионите во ракомет.
Лука Циндриќ донесе радост на клупата, дилириум на трибините постигнувајќи го победничкиот гол во последните секунди од средбата.
Францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен е првиот финалист на „фајнал фор“ турнирот во Келн, откако попладнево го совлада унгарски Веспрем со 27:26.
Вардар доаѓа како дебитант на овој Ф4 во Келн. За разлика од женската екипа на Вардар која четирипати играше на Ф4 и сега во мај го освои сребрениот медал, мажите првпат го искусуваат играњето на ваков турнир.
Прво беше избран за најдобар млад играч во лигата на шампионите во сезоната 2014/2015, повеќепати беше дел од идеалниот тим на колото во ЛШ, а сега дојде и уште поголемо признание - дел од најдобрата постава на сезоната.
„Јас имам најдобри играчи, па можам да кажам дека јас сум најдобар тренер оваа сезона затоа што ги имам најдобрите играчи, вели Раул Гонзалес.
Алекс Душебаев беше избран за најдобар десен бек во лигата на шампионите. Тренерот Раул Гонзалес пак беше избран за најдобар тренер.
Вардар е единствен тим во историјата каде и машката и женска екипа играле на Ф4 турнирите.
Иван Чупиќ во Скопје дојде како актуелен европски првак, и сега во Келн има шанса да ја одбрани, но како дел од екипата на Вардар. Десното крило како одминува времето игра сѐ подобро, и постигна вкупно 39 гола.
Арпад Штербик зад себе има три шампионски титули во лигата на шампионите (2006, 2008 и 2009), и огромно искуство на вакви важни мечеви.