Во рамки на Бразилското фудбалско првенство, Makpress.mk типува дека на натпреварот помеѓу Крузеиро и Гремио двата тима ќе постигнат по еден гол и натпреварот ќе заврши со 3+.
Тип: Крузеиро - Гремио ГГ3+
(двата тима ќе постигнат по еден гол минимум и натпреварот ќе заврши со 3 или повеќе гола).
Коефициент: 2.45 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)
Коментар:
Иако тимот на Крузеиро во првите три натпревари на домашен терен има скор од две победи и една изгубена, со вкупна гол разлика од 3:2, сепак на овој натпревар се очекуваат голови. Овој пат за противник го имаат тимот на Гремио кој е прв на табелата во гостински натпревари со скор од 3 победи и 1 нерешена и со постигнати 13 голови и 7 примени што за Бразилското првенство претставува своевиден рекорд,
Во четирите натпревари на гостински терен, досега, тимот на Гремио одигра два пати 7+ (4:3 против Спорт Ресифе и 3:6 против Чапакоенсе) а другите два натпревари завршија со победа од 2:0 за екипата на Гремио.
Ако се земе во предвид фактот дека Крузеиро на домашен терен загуби од Чапакоенсе со 2:0, голема е веројатноста тимот на Гремио да постигне гол на гостински терен.
Со оглед на нестабилната одбрана и големиот број на примени голови на Гремио, на овој натпревар се очекува и тимот на Крузеиро да постигне минимум еден гол а можеби и повеќе.
Спортската редакција на Makpress.mk прогнозира дека на овој натпревар и двете екипи ќе постигнат гол и натпреварот ќе заврши со 3+. Според правилата на обложувалниците Makpress.mk прогнозира GG3+ за овој натпревар.
Коефициентот за играта GG3+ во спортските обложувалници Sport Life за овој натпревар е 2.45.
Со среќа!