Во рамки на ФИФА Купот на конфедерации Makpress.mk типува дека на натпреварот помеѓу Мексико и Нов Зеланд, тимот на мексико ќе постигне минимум три гола.

Тип: Мексико - Нов Зеланд Т13+ (Тим 1 3+ гола)

Коефициент: 1.85 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар: Во рамки на второто коло во Купот на конфедерации, вечерва од 20:00 часот се среќаваат репрезентациите на Мексико и на Нов Зеланд. Во групата каде што покрај Мексико и Нов Зелан се и Русија и Португалија, после првото коло, тимот на Мексико има една нерешена, додека Нов Зеланд забележа пораз. Мексико во одлична игра против актуелниот Европски шампион Португалија, по првото коло, стигна до нерешен резултат од како на два пати губеше со 1:0 и 2:1. Избраниците на Осорио, сепак во судиското продолжение на натпреварот успеаја да постигнат гол и со тоа да стигнат до првиот бод во групата.

Репрезентацијата пак на Нов Зеланд загуби „домаќински“ од репрезентацијата на Русија со 2:0. Карактеристично за овој натпревар беше што иако се очекуваа поголем број на погодоци, сепак Нов Зеланд покажа дисциплинирана игра во одбраната.

Ако се земе во предвид фактот дека Нов Зеланд е апсолутен аутсајдер на ова натпреварување и доколку се повтори истата игра која Мексико ја имаше против актуелниот европски шампион Португалија, се очекува на овој натпревар репрезентацијата на Мексико да постигне минимум три гола.

Спортската редакција на Makpress.mk прогнозира дека на овој натпревар тимот на Мексико ќе постигне минимум три гола.

Според правилата на обложувалниците Makpress.mk прогнозира T13+ за овој натпревар.

Коефициентот за играта T13+ во спортските обложувалници Sport Life за овој натпревар е 1.85.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2017 14:00