Во рамки на Европското првенство во фудбал за млади до 21 година, Makpress.mk типува дека на натпреварот помеѓу Чешка U 21- Данска U21 ќе паднат повеќе од три гола.

Тип: Чешка U 21- Данска U21 - 3+

Коефициент: 1.70 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар:

По импресивниот настап на репрезентацијата на Чешка во натпреварот против Италија и победата од 3:1, работите во групата дополнително се закомпликуваа. По комплетираното второ коло во оваа група,

Германија е прва во групата со максимални 6 бода, додека на делба на второто место се Чешка и Италија со освоени три бода и гол разлика од 3:3. При ваква поставеност на работите и имајќи во предвид дека во последното коло Италија ќе се соочи со Германија и под претпоставка дека ќе изгуби, на Чешка и потребна победа со 3 гола разлика за да се пласира во полуфиналето како најдобра второ рангирана репрезентација.

Комбинациите за пласман на Италија и Германија во полуфиналето се бесконечни, а во случајов Чешка не може да калкулира и мора да оствари победа од три гола разлика.

На натпреварот помеѓу овие две репрезентации се очекува отворен и офанзивен фудбал, па од таму е и предлогот на Makpress.mk на овој натпревар да типувате 3+.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2017 22:59