Америчката фудбалска лига – МЛС во последните неколку години добива на се поголемо значење и атрактивност.

Makpress.mk прогнозира дека на натпреварот помеѓу Колумбус Кру и Монтреал двата тима ќе постигнат по еден гол и притоа натпреварот ќе заврши со 3 или повеќе гола.

Тип: Колумбус Кру – Монтреал – ГГ3+

Коефициент: 1.86

(Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар:

Минатата сезона тимовите на Колумбус Кру и Монтреал во нивниот меѓусебен дуел одиграа фантастичен натпревар кој заврши со вкупно 8 гола односно 4:4. Оваа сезона двата тима имаат солиден старт каде што тимот на Колумбус Кру на домашен терен од одиграни 8 натпревари има постигнато 16 гола и примено 9 гола додека тимот на Монтреал кој го предводи фантастачниот Аргентинец Пабло Пјати на гостински терен од исто толку натпревари има постигнато 11 гола и примено 13 гола.

Познавајќи ја играта во Америчката МЛС лига, каде што средина и речиси да не постои, Makpress.mk прогнозира дека на овој натпревар двата тима ќе постигнат по еден гол и натпреварот ќе заврши со минимум 3 гола, односно натпреварот ќе заврши со ГГ3+.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2017 23:07